Јапонските пратеници денеска го изгласаа владиниот предлог за посебен закон со кој ќе му се овозможи на актуелнито цар Акихито да абдицира, но се уште не е утврден датумот.
Акихито (83) последните години има здраствени проблеми, а јапонските медиуми шпекулираат дека царот може да абдицира во декември 2018 година, откако ќе наполни 85 години.
Предлог-законот треба да биде одобрен и од Сенатот, што најверојатно ќе се случи следната недела, што ќе отвори сложен процес со кој царот се откажува од своите функции и ги префрла на постариот син, принцот наследник Нарухито.