Јапонски пратеник призна дека примил пари од кинеска компанија

Од:

Пратеникот од јапонската владејачка Либерално демократска партија Такаки Ширасука, призна дека примил еден милион јени или 9.300 американски долари од кинеска компанија заинтересирана за влез на јапонскиот пазар на коцкарници.

Локалните медиуми, повикувајќи се на извори упатени во случајот, објавуваат дека Обвинителството нема да поднесе обвинение за примање мито, бидејќи иако бил член на повеќепартиска група пратеници која промовирала изградба на одморалишта со коцкарници, тој немал овластувања за да може да влијае на одлучувањето.

Во друштво на тогашниот партиски колега и пратеник Цукасе Акимото, Ширасука го посетил седиштето на кинеската компанија „500.com limitid“ во Шенжен и едно казино во Макао во 2017 година, кога ги примил парите, а компанијата ги покрила и трошоците за неговите коцкарски жетони,посочува Кјодо.

Акимото беше уапсен минатиот декември поради корупција, а подоцна ослободен со кауција. Против него е покренато обвинение дека од кинеската компанија примил мито од околу 70.800 долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија