Јапонски министер поднесе оставка поради врски со Црквата на обединување

Од:

Јапонскиот министер за економија Даиширо Јамагива изјави дека денеска поднел оставка поради врските со Црквата на обединување по серијата критики за контактите на владејачката партија со црквата.

Оставката на министерот Јамагива е дополнителен удар за владата на премиерот Фуми Кишида, која се соочува со проблеми поради блиските врски на партијата со контроверзната Црква на обединување со седиште во Јужна Кореја и атентатот на поранешниот премиер Шинѕо Абе во јули.

Поддршката за владата на Кишида опадна поради нејзиното справување со скандалот и одржувањето на необичен државен погреб на Абе, кој сега се смета за клучна врска меѓу владејачката Либерално-демократска партија и таа црква.

Од 1980-тите, Црквата на обединувањето е обвинета за матни зделки и тактики за регрутирање, вклучително и перење мозок на членовите за да ѝ предадат голем дел од нивниот приход на црквата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он