Јапонски државни службеници казнети, јаделе „гага“ на сметка на приватна фирма

Од:

Јапонското Министерство за телекомуникации денеска казни 32-ца вработени бидејќи го прекршиле етичкиот кодекс и дозволиле да им бидат платени скапи вечери.

Скандалот беше обелоденет во февруари, откако вработени во сателитскиот емитер Тохокушинша Филм, меѓу кои и синот на премиеро Јошихаде Суга, Сеиго, честеле претставници на Министерството за телекомуникации.

Сличен настан се случил и подоцна, со претставниците на телекомуникацискиот гигант НТТ.

Независно тело на јапонското Министерство за телекомуникации во март покрена внатрешна истрага за да утврди дали честењето на вработени во Министерството за телекомуникации влијаело на издавање на лиценците за емитување.

Од 32 вработени, против девет се покренати дисциплински мерки, а на петмина од нив им е одбиено од плата, а останатите 23 службеници добиле само укор, меѓу коки и заменик мистерот Буичира Куроду.

Министерот за внатрешни прашања и комуникации Рјота Такеда фдоброволно се откажа од платата во рок од три месеци и јавно се извини бидејќи „ ја изневери довербата на јавноста во Владата“.

И Тохокушинша Филм спроведе своја истрага и потврди дека во периодот од ноември 2015 до декември 2020 година имало 54 случаи кога биле честени со скапи вечери претставници на Министерството, а Сеиго Суга присуствувал на 22.

Би можело да ве интересира

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио