Јапонската Влада усвои рекордно висок буџет за одбрана

Од:

Јапонската Влада усвои рекордно висок буџет за одбрана во фискалната 2022 година, во време кога Токио ги зајакнува своите одбранбени способности како одговор на растечката воена моќ на Кина и тензиите меѓу Пекинг и Тајван.

Владата денеска усвои буџет за одбрана од 5.400 милијарди јени (околу 41,5 милијарди евра), кој вклучува финансирање за истражување и развој на нов борбен авион и друго оружје што го менува балансот на силите.

Зголемувањето на буџетот од 1,1 отсто за фискалната година што започнува во април е десетто последователно зголемување на јапонските трошоци за одбрана. Тоа е во согласност со ветувањето на Токио до Вашингтон дека ќе ги зајакне своите одбранбени способности со цел да одговори на сè попредизвикувачките безбедносни прашања во регионот.

Буџетот, кој треба да го усвои Парламентот, вклучува рекордни 291 милијарди јени (околу 2,25 милијарди евра) за одбранбено истражување и развој, што е за 38 отсто повеќе од оваа година. Од таа сума, околу 100 милијарди јени (770 милиони евра) се наменети за развој на борбениот авион Ф-Х, кој околу 2035 година треба да ја замени старата флота од авиони Ф-2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија