Јапонската влада денеска одобри специјален предлог-закон, кој му дозволува на јапонскиот император Акихито да абдицира и да го предаде престолот на својот најголем син Нарухито, јави ТАСС.
Текстот ќе биде доставен на разгледување во парламентарна комисија во најскоро време и се очекува да биде конечно донесен во средината на јуни.
Предлог-законот беше изготвен специјално за 83-годишниот јапонскиот император Акихито, кој во август минатата година во видео-обраќање кон народот изрази желба да се повлече од престолот поради поодминати години.
Се претпоставува дека Акихито може да абдицира во декември 2018 година, кога ќе наполни 85 години.