Јапонската компанија Фуџифилм има препарат со кој се крати лекувањето од Ковид-19

Од:

Јапонската компанија „Фуџифилм“ соопшти дека нејзиниот препарат „Авиган“, веќе одобрен за тешки форми на обичен грип, овозможува „статистички значајно“ намалување на времето на лекување на пациентите со Ковид-19.

„Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување во трета фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравувањето е 11,9 дена за оние кои се лекуваат со ’Авиган’ и 14,7 дена за оние кои се лекуваат со ’Плацебо’“, се наведува во соопштението на компанијата.

Излекувањето се одредува кога коронавирусот повеќе не е присутен на ПЦР тестови и кога другите симптоми како што е температурата се ублажени или исчезнати.
Клиничкото тестирање беше насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со Ковид-19.

Испитувањата спроведени од март, сега завршени, не открија никакви нови опасности по здравјето поврзани со земање „Авиган“, прецизира „Фуџифилм“.

Компанијата сега ќе спроведе „детална анализа на податоците“ собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да достави барање за комерцијално одобрување на лекот за Ковид-19 во Јапонија.

Лекот „Авиган“ (фавипиравир) е дозволен од 2014 година во Јапонија, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови не биле ефикасни.

„Авиган“ е контраиндициран за бремени жени, бидејќи тестови врз животни покажаа дека влијае на развојот на фетусот.

Јапонската Влада очекува многу од овој лек и побара од „Фуџифилм“ да го зголеми производството и да испорача бесплатни примероци во некои земји што го побараа.

Уште во мај, Јапонија го одобри лекот „Веклури“ (ремдесивир) на американскиот производител „Гилеад“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он