Јапонија забранува влез во земјата: Се затвора на еден месец за сите странски патници

Од:

Јапонија одлучи да воведе привремена забрана за влез во земјата за граѓаните од сите земји и региони, освен за локалното население и странците со долгорочна виза со постојан престој во земјата, пренесува ТАС С.

Мерките ќе бидат на сила од 28 декември до крајот на јануари, а во соопштението на јапонската влада се наведува дека се воведуваат нови мерки поради откривањето на новиот вид на коронавирусот во неколку земји.

Укинати се и исклучоците за јапонските граѓани кои одат на кратки службени патувања. Досега од нив не се бараше да останат во карантин две недели по нивното враќање, но ова правило повторно ќе стапи на сила на 28 декември.

Сите граѓани на Јапонија кои ќе се вратат во својата татковина од земји каде што е потврден нов вид на коронавирус, ќе мора да покажат негативен тест не постар од три дена од моментот на пристигнување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија