Јапонија забрани најголемата нуклеарна централа во земјата да продолжи со работа

Од:

Јапонскиот нуклеарен регулатор одлучи да ја забрани работата на најголемата нуклеарна централа во земјата, поради сериозни безбедносни проблеми, објави Кјодо.

На компанијата „Токио Електрик Пауер – ТЕПКО“ (Tokyo Electric Power – TEPCO) и е забрането да снабдува и напојува гориво во реакторите во АЕЦ „Кашивазаки-Карива“ во префектурата Ниигата.

ТЕПКО официјално призна дека безбедноста на централата не е на потребното ниво. Востановени се слаби места за неовластен пристап во 15 точки од март минатата година.

За компанијата, пуштањето во употреба на комплексот со седум реактори беше клучен столб во планот за реструктуирање на нејзиниот бизнис. Фабриката „Кашивазаки-Карива“ во минатото беше меѓу најголемите во светот според производството.

Сместена на брегот на Јапонското Море на островот Хоншу, атомската централа беше затворена за технички преглед по нуклеарната несреќа во АЕЦ „Фукушима 1“ во 2011 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија