Јапонија: Во дополнителниот буџет за 2021 година 163 милијарди долари се за борба против коронавирусот

Од:

Јапонската влада усвои дополнителен буџет за фискалната 2021 година, што вклучува одредена финансиска помош и за борбата против пандемијата, подготвеноста за катастрофи и туризмот.

Дополнителниот буџет за 2021 година изнесува од 36 трилиони јени (314 милијарди долари), јави Анадолија.

Со дополнителниот буџет за борбата против коронавирусот ќе се издвојат 163 милијарди долари.

Исто така, 72 милијарди долари ќе бидат издвоени за програмите наречени „нов капитализам“ ветени од владата пред изборите, а 26 милијарди долари ќе бидат потрошени за помош при катастрофи, вклучувајќи и за подобрување на опремата на релевантните единици на Јапонските одбранбени сили (SDF).

За зајакнување на економските активности, вклучувајќи го и домашниот туризам наменети се 15,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

За влез во Шведска повеќе не е неопходен негативен ПЦР тест

А1он

Директор на Гамалеја: Вакцината Спутник во комбинација со Спутник лајт штити речиси 100 отсто од омикрон сојот

А1он

Кина: Омикрон можеби ќе може да „пристигне“ по пошта

Ана Ололовска

Во Словенија 36 лица наместо вакцини примиле физиолошки раствор

Ана Ололовска

Главниот научник на СЗО: Не знаеме кога ќе се појави следниот вид

Ана Ололовска

Истражување: Една третина од починатите од Ковид во Германија починале од други болести

Ана Ололовска