Јапонија ветува донации за Африка во износ од 31,9 милијарди долари

Од:

Во следните пет години Јапонија има намера да донира на африкански држави државна и приватна помош од 31,9 милијарди долари за помош на развој на континентот и да ги поттикне јапонските фирми да инвестираат таму.

Тоа го изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе отворајќи ја петтата Токиска меѓунардона конференција за развој на Африка.

– Помошта ќе биде насочена за развој на инфраструктурата, здравството, економијата, појасни Абе.

Тој додаде дека во следните пет години Токио е подготвено да финансира професионална подготовка за над 30.000 специјалисти во африкански држави и да повика над илјада луѓе да работат во јапонски компании.

Претходно јапонската Влада веќе донесе одлука да обезбеди околу два милијарди долари за проекти за нафта, природен гас и другиминерални ресурси во држави од Африка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија