Јапонија се откажа од скапиот американски антиракетен систем

Од:

Јапонското Министерство за одбрана соопшти денеска дека донело одлука да се откаже од непопуларните планови за поставување два копнени американски системи за ракетна одбрана. Јапонските власти претходно планираа да ги набават системите за да ја зголемат заштитата од евентуален напад од Северна Кореја.

Министерот за одбрана Таро Коно изјави одлучил да го стопира распоредувањето на системите „Еџис Ашор“, откако се утврдило дека безбедноста на една од двете локации, каде што требаше да се постават елементите на системот, не може да се гарантира без целосна преработка на компјутерските конфигурации. За тоа да се направи, би биле потребни многу време и пари.

По серија промашувања при изградбата и повторени зголемувања на цените, цената на целата програма за 30-годишно функционирање и одржување се зголеми на 4,1 милијарди американски долари (450 милијарди јени), предизвикувајќи широко незадоволство во земјата.

Коно рече дека Јапонија веќе потрошила 1,7 милијарди долари за двата система, но додаде дека дел од нив не се потрошени напразно, бидејќи системите се исти како оние кои ги користат јапонските дрстосувачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски