Јапонија предупредува на територијалните побарувања на Кина во регионалните мориња

Од:

Кина се обиде да ги засили своите еднострани територијални побарувања во регионалните мориња за време на пандемијата на коронавирус, додека го зголемува својот одбранбен буџет „без транспарентност“, се наведува во денеска објавената јапонска Бела книга.

„Во Јужното Кинеско Море, Кина напредува со милитаризација, и ги проширува и интензивира своите активности во поморските и воздушните домени, а со тоа продолжуваат едностраните обиди за промена на статус-кво со принуда и ставање пред свршен чин“, се посочува во документот на јапонската Влада, пренесува ДПА.

Министерството за одбрана на Јапонија го објави годишниот документ еден ден откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп официјално ги отфрли кинеските побарувањња во Јужното Кинеско Море.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера наведе дека Кина нема правна основа за своите амбиции во Јужното Кинеско Море и оцени дека таа земја со години се користи со закани против останатите држави во Југоисточна Азија.

„Јасно ставаме до знаење дека аспирациите на Кина кон ресурсите во Јужното Кинеско Море се незаконски, како што е незаконска и нивната кампања за насилна контрола на тие локации“, истакна Помпео, дополнувајќи дека светот нема да му дозволи на Пекинг да се однесува кон Јужното Кинеско Море како кон свое поморско царство.

Кина тврди дека има право на одделни острови во Јужното Кинеско Море кои се предмет на спор со други држави од регионот, на што се противи САД, поради што се чести инциденти меѓу воени бродови на двете земји во таа област.

Филипини, Виетнам, малезија, Брунеи и Тајван, исто така, тврдат дека некои од стотиците гребени и малите острови им припаѓаат ним, но од 2014 година Пекинг „се погласно“ тврди дека има право над речиси сите острови и притоа бетонира гребени за изградба на воени аеродроми, опремени со радари, проектили и авиони.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски