Јапонија: Не е време за дијалог, треба да се изврши притисок врз Пјонгјанг

Од:

Портпаролот на јапонската Влада, Норио Маријама изјави денеска дека сега не е моментот за дијалог, туку треба да се зголеми притисокот врз Северна Кореја.

Тој на средбата со претставници на ОН истакна дека „дијалог без дијалог е безначаен“.

Според него, Јапонија го разгледува воведувањето на нови санкции против Пјонгјанг, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на увозот на нафта.

– Треба да видиме кои санкции се најуспешни, изјави Маријама.

Портпаролот ги повика сите земји членки на ОН да ги усвојат санкциите, а Кина и Русија да го употребат своето влијание и да одиграат „поконструктивна улога“ со Северна Кореја.

ЕУ, исто така, соопшти денеска дека разгледува можност за воведување на поостри санкции врз Северна Кореја поради тестирањето балистички ракети, со цел да се спречи таа земја да продолжи со финансирање на развојот на нуклеарно оружје.

– Северна Кореја е држава против која ние имаме најрестриктивни мерки и одлучивме да го разгледаме воведувањето на посилни мерки преку целосна соработка со нашите меѓународни партнери, истакна шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ја изразија потребата од дипломатско, а не воено решение за решавање на проблемот, оставајќи ја отворена вратата за дијалог.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета