Јапонија наредните пет години за одбраната ќе издвои меѓу 295 и 333 милијарди долари

Од:

Јапонија ќе издвои помеѓу 40 и 45 трилиони јени (295-333 милијарди долари) за трошоци за одбрана за наредните пет години, почнувајќи од април следната година, јавија западни медиуми цитирајќи владини извори.

Тоа претставува големо зголемување во однос на актуелниот петгодишен одбранбен план, што предвидуваше 27,5 трилиони јени (202 милијарди долари) трошоци за одбраната.

Премиерот Фумио Кишида претходно оваа седмица побара од министрите во неговиот кабинет да подготват план за зголемување на воените трошоци од сегашните еден на два проценти од Бруто домашниот производ во рок од пет години, како мерка за справување со растечките закани од Северна Кореја и Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија