Јапонија денеска соопшти дека ќе ја уништи секоја севернокорејска ракета, што ќе претставува закана за нејзината територија, откако Пјонгјанг ја соопшти намерата да истрела ракета што во орбитата ќе однесе сателит, пренесува БТА.
Јапонскиот министер за одбрана Ген Накатани, издаде наредба да се уништи таквата ракета, доколку се докаже дека таа ќе падне на јапонска територија, се наведува во соопштението од Министерството.
Накатани на силите за заштита од напади со балистички ракети, вклучувајќи ги и ескадрилите носачи на мини во Јапонско Море, опремени со системот „Егида“, и ракетните батарии „Патриот“ на копно, им нареди да бидат подготвени да ја соборат секоја севернокорејска ракета, што ќе претставува закана за Јапонија, пренесоа британските медиуми.