Јапонија ќе ги отвори вратите за вакцинирани странски туристи по повеќе од две години

Од:

Јапонија повторно ќе ги отвори вратите за вакцинирани странски туристи на 11 октомври, по повеќе од две години затворени граници поради пандемијата на коронавирус. Патниците сепак ќе треба да докажат дека се вакцинирани три пати и имаат негативен тест за коронавирус за да влезат во земјата.

Очекуваниот прилив на патници ќе биде добредојден поттик за владата и локалните бизниси и доаѓа откако јапонскиот јен падна на најниско ниво во последните шест месеци во однос на американскиот долар.

„Јапонија ќе ги ублажи мерките за контрола на границите за да биде на исто ниво со САД“, рече премиерот Фумио Кишида.

Имено, јапонските граници не беа целосно затворени.

Патниците можеа да ја посетат земјава од јуни годинава, но мораа да патуваат преку агенција и да бидат дел од група.

Кишида, исто така, најави стимулации за Јапонците да патуваат во земјата, попусти за тематски паркови, спортски настани, концерти итн. Третата по големина економија во светот беше една од последните азиски суперсили што ги задржа своите граници затворени поради проблемите предизвикани од коронавирусот .

Стапката на смртност во земјата е најниска меѓу најбогатите нации во светот, додека нејзината стапка на вакцинација е меѓу највисоките. Речиси 32 милиони странци ја посетија Јапонија во 2019 година, последната година пред пандемијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија