Јапонија ја проширува вонредната состојба во уште седум префектури

Од:

Јапонската Влада денеска соопшти дека ќе ја продолжи и прошири вонредната состојба, што од минатата недела веќе ја прогласи за регионот Токио, на уште седум префектури, бидејќи земјата во моментов се бори со засилен бран на коронавирусот.

Британските медиуми наведуваат дека премиерот Јошихиде Суга денеска се очекува да ја објави одлуката за продолжување на вонредната состојба во префектурите Осака, Кјото, Хјого, Фукуока, Аиџи, Гифу и Тоџиги.

-Доколку не ја запреме инфекцијата со Ковид-19 во големите градови, не можеме да го спречиме ширењето на национално ниво, рече министерот за здравство, Норихиса Тамура, на состанокот на Советодавниот одбор, што денеска го одобри планот.

Одлуката на владата следи откако гувернерите на Осака, Кјото и другите сериозно погодени префектури побараа од владата да прогласи вонредна состојба, давајќи им на локалните власти законска основа за воведување ограничувања на движењето и контролата на населението и на работата на претпријатијата.

Со ова ново проширување, вонредната состојба сега ќе важи за 55 проценти од 126 милиони жители на Јапонија и треба да трае до 7 февруари, но мерките се многу поблаги од оние што беа на сила минатата година.

Јапонија досега има регистрирано околу 298.000 случаи на коронавирус и 4.192 смртни случаи за време цело време на пандемијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија