Јапонија ја одбележува петтата годишнина од катастрофалниот земјотрес

Од:

Јапонија денеска ја одбележува петтата годишнина од силниот земјотрес и цунамито, кое уништи 500 километри од крајбрежјето на североисточниот дел на земјата и ја предизвика најголемата нуклеарна катастрофа во светот по онаа во Чернобил во 1986 година.

Илјадници лица со цвеќиња и свеќи во рацете се сообаа на комеморации во повеќе градови и населени места ви реоните погодени од земјотресот и цунамито.

Главната церемонија за сеќавање на жртвите се одржа во Токио, на кој присуствуваа и јапонскиот цар Акихито  и премиерот Шинѕо Абе.

Во земјотресот со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала и во цунамито што тој го предизвика, на 11 март 2011 година загинаа околу 18.500 лица.

Во точното време на земјотресот – 14:46 часот по локално време (6:46 по средноевропско време) ширум целата земја Јапонците денеска со минута молчење им оддадоа почит на загинатите.

По силниот земјотрес и катастрофалното цунами „како што се случува еднаш во илјада години“, уследи и алармантната вест од нуклеарната централа „Фукушима“ од каде се прошири радијацијаа на големо подрачје, контаминиајќи ја почвата, водата и воздухот.

Поради нуклеарната катастрофа беа евакуирани речиси 160 илјади лица кои живееја во населените места во околината на „Фукушима“. Според последните податоци, околу десет проенти од нив се уште живеат  во привремени објекти за сместување, бидејќи нивните домови се наоѓаат во подрачја каде се уште е забранет пристапот, поради високото ниво на контаминација.

– Она што започна како природна катастрофа се претвори во една од најстрашните индустриски несреќи во историјата на човештвото, изјави директорот на Гринпис за Јапоноја, Јуничи Сато, додавајќи дека голем број луѓе од реонот на Фукушима се уште не се вратиле во своите домови и „веројатно и никогаш не ќе можат да го направат тоа“.

На петгодишнината од катастрофата во Токио денеска се оддржа и протест против нуклеарната енергија, од кој е побарано затворање на сите нуклеарки во Јапонија.

Премиерот Абе уште вчера ја отфрли ваквата можност, нагласувајќи дека Јапонија „неможе без нуклеарна енергија“.

– Нашата земја е сиромашна со ресурси и неможе без нуклеарната енергија, доколку сака да обезбеди редовно снабдуавање на потрошувачите, изјави Абе.

Јапонската Влада денеска усвои нов петгодишен план за обнова на регионите на Јапонија, кои беа погодени од земјотресот и цунамито. Планот предвидува за таа цел до 2020 година да бидат потрошени 6,5 билиони јени (околу 57 милијарди долари).

Новата петгодишна програма почнува во април и таа предвидува 90 отсто од работата за обвнова на живеалиштата и другата инфраструктура во североисточниот дел на земјата да заврши до финансиската 2017 година.

Од 2011 година јапонските власти потрошија околу 225 милијарди долари за активностите за обновување и ликвидирање на последиците од земјотресот, цунамито и нуклеарната хаварија.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови