Јапонија ги отвара границите, но само за „пробни“ туристички тури

Од:

Јапонските власти денеска соопштија дека овој месец ќе започнат да спроведуваат „тест туризам“ со ограничени пакет-аранжмани, како начин да добијат информации пред повторно целосно отворање на земјата за туристички посети.

Иако туризмот беше еден од главните столбови на јапонската економија, земјата од 2020 година е затворена за туристи уште од самиот почеток на епидемијата на коронавирусот.

Регулативите беа малку олабавени за да им се дозволи влез на студентите и на некои деловни патници, но индивидуалните туристички посети останаа забранети и покрај барањата на туристичките субјекти за рестарт на дејноста, во мигови кога јенот е на најниско ниво за последните 20 години.

Агенцијата за туризам денеска соопшти дека од крајот на месецов ќе почне да дозволува „пробен“ влез за мали групни тури, да се види како тоа ќе се одрази врз епидемиолошката ситуација пред целосно отворање на земјата за туристи, што се уште како датум не се соопштува.

Првично земјата се отвара за тројно вакцинирани туристи од САД, Австралија, Тајланд и Сингапур и тоа само преку строго утврдени аранжмани и избрани тур-оператори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он