Јапонија: Бројот на банкротирани фирми поради анти-ковид мерките се зголеми за 49 отсто

Од:

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-епидемиските мерки.

Во август, тие се зголемени за 49 отсто во споредба со една година порано, покажуваат податоците на Токио Шоко Рисрч (Токуо Ѕhоkо Rеѕеаrсh).

Анализата покажува дека вкупниот број стечаи предизвикани од кризата, од јануари до август годинава, достигна 1.026, што претставува 26 отсто од сите бизнис банкроти во Јапонија за тој период.

Податоците покажуваат дека 20 отсто од банкротираните фирми се барови, кафеани или ресторани.

Само во јули, Јапонија регистрираше 138 стечаи предизвикани од мерките преземени за спречување на пандемијата. Од јануари, нивниот број останува над 100, информираат од Токуо Ѕhоkо Rеѕеаrсh.

Градежништвото, текстилот и производство и преработката на храна исто така се сериозно погодени од мерките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија