Јапонците масовно купуваат раствор за грло откако политичар кажал дека помага против коронавирусот

Од:

Јапонците во изминатите денови купиле огромни количини раствор за плакнење на грлото, откако гувернерот на Осака изјавил дека тој производ помага против коронавирусот.

Иако не се докажани позитивните ефекти на растворот, полиците на аптеките низ целата земја се испразнети по изјавата на гувернерот Хирофуми Јошимура, пренесува Би-Би-Си.

Тој се повика на истражување на локална болница во Осака спроведено на само 41 лице, по што наишол на критики, но акциите  на компаниите Шионоги и Меиџи Холдинг скокнале по паничното купување на растворот што го произведуваат.

Стотици илјади корисници на Твитер споделија фотографии од продавници во Јапонија со натписи дека недостига раствор за плакнење на грлото. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија