Јанша: Руската војска никогаш нема да го заземе Киев

Од:

Руската армија никогаш нема да го заземе Киев, изјави доцна синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша, осврнувајќи се на впечатоците од неговиот престој во Киев, градот што во вторникот го посети заедно со полскиот и чешкиот премиер и притоа имаше и разговари со украинското раководство.

Јанша за Словенечката телевизија кажа дека тоа е посета на охрабрување на украинското раководство.

-Првенствено, посетата беше демонстрација дека не ја отпишавме Украина, нагласи Јанша, додавајќи дека многу дипломати, претставници на меѓународни организации и корпорации се повлекле од главниот град на Украина уште пред рускиот напад врз Украина.

„За нив тоа беше знак дека не се отпишани, дека не се работи само за поддршка од далеку, туку дека некој верува дека ќе се бранат и ќе победат“, додаде Јанша.

Според него, нападите врз центарот на Киев се релативно ретки и градот не е опколен.

-Киев е напаѓан од исток и од запад, но силите што го напаѓаат градот се премногу слаби за да го освојат. Руската армија никогаш нема да го освои Киев, рече словенечкиот премиер.

Тој ја повтори својата идеја за воведување зона на забранети летови над Украина за да се олесни одбраната на Украинците од руска агресија, иако НАТО ја отфрли идејата бидејќи тоа ќе доведе до отворен конфликт со Русија.

Јанша тврди дека идејата веќе ја поддржале три земји членки на НАТО и дека е убеден дека поддршката за предлогот ќе расте.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ