Јанша: Интересно, го слават победникот, а судовите не почнале да одлучуваат

Од:

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша вели дека е интересно што се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите сè уште не донеле одлука во однос на жалбите.

– Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите сè уште не почнале да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Тоа е владеење на правото, напиша Јанша на Твитер.

Јанша претходно на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп, наведувајќи дека е „сосема јасно“ оти новиот мандат ќе му припадне на републиканскиот кандидат.

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, вечерва му ја честиташе победата на Џо Бајден и изрази оптимизам во врска со идните односи.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата