Ја вративме контролата врз вирусот во Англија, тврди британскиот министер за здравство

Од:

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека во Англија е воспоставена контрола врз пандемијата на коронавирусот и дека е подготвена во текот на неделава да излезе од „блокадата“ воспоставена на национално ниво.

– Повторно ја држиме ситуацијата под контрола, истакна Хенкок.

Англија треба да излезе од „блокадата“ оваа недела и да воведе помалку ограничувачки мерки за кои би гласал Парламентот.

Британската Влада претходно објави дека денеска се регистрирани 12.330 новозаразени, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 12.155 случаи.

Во Британија, од почетокот на епидемијата, вкупно 1,629,657 лица се заразиле со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он