Ја убил сопругата и нејзиниот љубовник, па сакал да побегне во Босна

Од:

Хусеин Суљановиќ, жител на Соединетите Американски Држави по потекло од Босна и Херцеговина, е осуден на доживотен затвор за убиството на неговата сопруга Адријана Перез и нејзиниот љубовник Омар Сантамарија Руиз.

Суљановиќ двојното убиство го изврши во октомври 2018 година во Хјустон, каде имал семеен дом. Американските медиуми пишуваат дека Суљановиќ бил возач на камион.

Измамата ја открил поставувајќи камери во семејната куќа и ги следел сите настани додека бил отсутен. Вака ја откри љубовната врска на сопругата.

Ги убил сопругата и љубовникот во нивната спална соба. Откако ги слушнале истрелите, децата на Суљановиќ се разбудиле.

Суљановиќ го убедил својот најстар син да ги однесе телата во Луизијана. Телото на сопругата и мајката било фрлено во шума, додека телото на љубовникот е фрлено во реката, недалеку од Батон Руж.

Неговиот син ја призна вината и минатата година беше осуден на пет години затвор.

По убиството, Суљановиќ со своите деца се преселил во Мексико Сити, каде останал додека не дознал дека е обвинет за убиство на сопругата и нејзиниот љубовник.

Потоа Суљановиќ се обидел да побегне во Босна и Херцеговина, но бил фатен во Лондон и екстрадиран во САД.

– Овој човек уби две лица, меѓу кои и мајката на неговите деца. Се обиде да побегне од државата и со тоа да избегне одговорност – рече јавниот обвинител.

– Сите знаеме дека семејното насилство може да прерасне во убиство и затоа е важно да се постигне правда за жртвите во вакви случаи – додаде таа.

По осумдневно судење, Суљановиќ беше прогласен за виновен за тешко убиство и автоматски беше осуден на доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски