Извршниот директор на Фајзер: Се надевам дека ќе имаме вакцина што ќе треба да се добива еднаш годишно

Од:

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, рече дека годишна вакцина против Ковид-19 би била претпочитана од почести бустер вакцини во борбата против пандемијата на коронавирус.

dobivaj vesti na viber

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер/Бионтек се покажа како ефикасна против тешки болести и смртни случаи предизвикани од високо мутираната варијанта омикрон, но помалку ефикасна во спречувањето на преносот, објави Ројтерс.

Со зголемувањето на бројот на случаи, некои земји ги проширија програмите со давање трета доза вакцина против Ковид-19 или го скратија периодот помеѓу две дози вакцина.

Во интервју за израелскиот N12 News, Бурла, на прашањето дали мисли дека бустер дозата треба да се дава на секои четири до пет месеци, рече дека се надева дека „ќе имаме вакцина што ќе треба да ја добивате еднаш годишно“.

„Еднаш годишно – полесно е да се убедат луѓето да го направат тоа. Луѓето тоа полесно го паметат“, рече тој.

„Значи, од гледна точка на јавното здравје, тоа е идеална ситуација. Бараме да видиме дали можеме да создадеме вакцина што ќе го покрие омикрон и нема да заборави и на другите варијанти, а тоа би можело да биде решението“, рече Бурла.

Тој посочи дека Фајзер би можел да биде подготвен да поднесе барање за одобрување за редизајнирана вакцина за борба против омикрон и масовно производство уште во март.

Би можело да ве интересира

Јапонија ги отвара границите, но само за „пробни“ туристички тури

Ана Ололовска

Во САД од Ковид-19 починале еден милион луѓе

А1он

Епидемијата на коронавирусот во Шангај под контрола

А1он

Задолжително носење заштитна маска на летовите од и кон Германија

Ана Ололовска

Ким ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг

Ана Ололовска

Градските власти во Шангај презентираа распоред на активности за постепено враќање на животот во нормала

Ана Ололовска