Извршниот директор на „Боинг“: Компанијата се наоѓа во опасност поради пандемијата

Од:

Извршниот директор на „Боинг“, Дејвид Калхун, изјави дека воздушниот транспорт во светот ќе се опорави толку бавно што една од главните американски авиокомпании, најверојатно, ќе престане да работи.

– Нешто ќе се случи кога ќе дојде септември. Воздушниот сообраќај нема да се опорави 100 проценти, дури и нема да се врати ни за 25 проценти, изјави Калхун за Ен-Би-Си.

Компанијата „Боинг“ не успеа да продаде ниту еден комерцијален авион во април, а нарачката за 108 авиони е откажана затоа што ненадејниот пад на воздушниот сообраќај целосно ја поништи побарувачката.

Ова е втор месец годинава што „Боинг“ нема добиено нарачки, што беше незамисливо порано, јавија американски медиуми.

Би можело да ве интересира

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он

Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари

Боинг прекина со набавката на титаниум од Русија

А1он