Извршен кибер напад врз американскиот Стејт департмент

Од:

Американскиот Стејт департмент неодамна бил цел на кибер напад, на што предупредила командата за кибер-одбрана на Пентагон.

Според извештајот на Пентагон, не е јасно кога е откриен упадот на хакерите, но се верува дека тоа се случило пред неколку недели, а исто така се тврди дека евакуациската мисија на Стејт департментот во Авганистан не е загрозена од нападот.

Во моментов се непознати степенот на нападот, кој стои зад него, напорите за ублажување на нападот и ризикот за операциите.

-Стејт департментот сериозно ја сфаќа својата одговорност за зачувување на податоците и континуирано презема чекори за да обезбеди заштита на информациите. Од безбедносни причини, во моментов не можеме да разговараме за природата или степенот на наводните безбедносни инциденти, изјави портпаролот на Стејт департментот за Фокс Њуз.

Би можело да ве интересира

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање