Извори: Германската Влада ќе го одложи гласањето за зголемување на воениот буџет

Од:

Германската Влада одлучи да го одложи гласањето за долго најавуваната инвестициска програма од 100 милијарди евра (104 милијарди долари) за германската армија, изјавија извори за ДПА.

Планот – објавен по руската инвазија на Украина – очигледно е симнат од законодавната агенда на Бундестагот, велат тие.

Членовите на трипартиската коалициска влада на канцеларот Олаф Шолц „се караа меѓу себе“ околу планот, рече Матијас Миделберг од конзервативниот опозициски блок.

Конзервативците се вклучени во преговорите бидејќи ќе треба да се согласат за уставни амандмани доколку се спроведат плановите на Владата.

– Ова се однесува на формулацијата во Основниот закон (Уставот), но и посветеноста на целта на НАТО да се инвестира два отсто од економското производство во одбраната, рече Миделберг.

Германската централно-левичарска влада, која ја сочинуваат социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи, планира да инвестира 100 милијарди евра во модернизација на војската на земјата во текот на следните години.

Со оглед на тоа што парите треба целосно да дојдат од заеми, ефикасно заобиколувајќи ги уставните ограничувања на нивоата на германскиот долг, политичарите планираат да го изменат основниот закон.

За ова е потребно двотретинско мнозинство во Бундестагот, кое коалицијата го нема. Како резултат на тоа, преговорите со конзервативниот блок ЦДУ-ЦСУ траат со недели.

Разговорите „малку се одолговлекуваа“, рече лидерот на Партијата на зелените, Омид Нурипур.

Конзервативците инсистираат првенствено на правно појаснување дека специјалниот фонд ќе се користи исклучиво за Бундесверот, а не за други проекти поврзани со одбраната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени