Извештај: Пилотите на „Етиопијан ерлајнс“ ги следеле процедурите

Од:

Пилотите на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ правилно ги следеле процедурите, кога нивниот авион Боинг 737 МАКС 8 неколку пати тргнал со носот надолу пред да се урне на 10 март, при што загинаа 157 луѓе, соопштија денеска етиопските власти.

– Екипажот неколкупати ги извршил сите постапки, кои ги одредил производителот, но не можел да го контролира авионот, изјави министерката за транспорт Дагмавит Могес.

Тоа е прв официјален извештај за таа катастрофа.

Министерката препорача „Боинг“ да го провери системот за контрола на авионот и надлежните служби за авијација да потврдатат дека проблемот е решен пред да му се дозволи на тој модел повторно да лета.

Сите авиони од тој модел се приземјени во целиот свет по падот во Етиопија, што е втора несреќа на Боинг 737 МАКС во период од пет месеци.

Семејствата на роднините, регулаторите и патниците ширум светот ги чекаат резултатите од истрагата за падот на Боингот, кој се урна шест минути по полетувањето од Адис Абеба.

Пет месеци претходно истиот модел на Боинг се урна во Индонезија и загинаа сите 189 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

На седум милиони жители на Етиопија им е неопходна помош во храна

Ана Ололовска

Најмалку 10 луѓе загинаа за врема на верска прослава во Етиопија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Етиопија со помош на Кина го лансираше својот прв сателит

Ахмед: Воениот пекол ја зацврсти мојата желба за мир

Индонезискиот авион во 2018. се урнал поради низа проблеми, Боинг најави мерки

Ана Ололовска

Боинг исплаќа отштета за жртвите од несреќите

Ана Ололовска