Извештај: Низа околности доведоа до соборување на украинскиот авион во Иран

Од:

Соборувањето на украинскиот патнички авион во близина на Техеран на 8 јануари годинава се случи поради неусогласено ракување на батеријата за истрелување ракети, недостиг на комуникација помеѓу армијата и командантите и одлуката да се пука без одобрување, се наведува во новиот извештај на иранската Организацијата за цивилен сообраќај.

Таквиот извештај навестува нова фаза во истрагата за соборениот украински авион од страна на иранската Револуционерна гарда, при што загинаа 176 луѓе.

Иранските власти првично негираа одговорност, но го сменија ставот откако западните држави изнесоа докази дека иранска ракета го соборила авионот.

Во новиот извештај се посочени низа детали кои укажуваат дека можело да биде избегнато соборувањето на украинскиот патнички авион.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина