Извештај: Над четвртина од европратениците оствариле дополнителен приход

Од:

Вкупно 27 проценти од членовите на Европскиот парламент пријавиле дополнителен приход, чија вкупна вредност е од 3,9 до 11,5 милиони евра, се наведува во извештајот на организацијата Транспаренси Интернешнл.

На европратениците им е дозволено да имаат дополнителен приход, освен пратеничките плати, но тие мора да дадат детали за нив и да бидат објавени во јавни извештаи за финансии, пренесува бриселски Политико.

Мониторинг групите изразија загриженост дека овие информации честопати се нејасни и дека дополнителната работа може да создаде судир на интереси. – Идентификувавме значителни дополнителни приходи и загрижувачки нејасни финансиски извештаи, рече Витор Теиксира од Транспаренси Интернешнл.

Во извештајот се наведува дека најголемиот дополнителен приход има полскиот европратеник и член на Европската народна партија (ЕПП) Радослав Сикорски, како и францускиот пратеник Сандро Гози и данскиот пратеник Асгер Круистенсен, кои исто така се членови на партијата „Обнова на Европа“.

Десничарската партија Идентитет и Демократската група имаат најголем процент пратеници кои имаат дополнителни активности, односно 38 проценти. На второ место е ЕПП, а потоа следуваат Обнова на Европа и Зелените. Групата со најмал број пратеници со дополнителен приход е Левица.

Би можело да ве интересира

Европратениците усвоија Извештај со кој се бара заштита на независното новинарство

Ана Ололовска

Урсула фон дер Лајен се обраќа пред ЕП во годишен говор за предизвиците

Ана Ололовска

ЕП оваа недела се очекува со нов повик за примање на Романија и на Бугарија во Шенген

Ана Ололовска

Европскиот парламент пак заседава во Стразбур, за првпат откако почна пандемијата

Жарко Настоски

Мечот Италија-Турција во Рим на отворањето на Европското првенство ќе се игра со гледачи

Жарко Настоски

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за С. Македонија во ЕП

Ана Ололовска