Извештај на Националниот центар за образовна статистика: Рекорден број пукања во американските училишта во изминатите 20 години

Од:

Во текот на минатата учебна година се случиле вкупно 93 престрелки во приватни и државни основни и средни училишта низ САД. Во 43 случаи има загинати, а во 50 само повредени, се наведува во извештај. Пукањата во учебната 2020/2021 година достигнаа рекорден број во изминатите две децении.

Во текот на минатата учебна година се случиле вкупно 93 престрелки во приватни и државни основни и средни училишта низ САД. Во 43 случаи имало смртни случаи, додека во 50 случаи имало само повредени, според извештајот на 31 страница објавен од Националниот центар за образовна статистика (NCES), кој е дел од Институтот за образовни истражувања при Министерството за образование на САД.

Покрај овие инциденти, во учебната 2020/2021 г. имало и 53 престрелки во училиштата без повредени или убиства. Во учебната 2000/2001 г. години престрелки во кои имало повредени се случиле само во 23 училишта.

„Иако стапката на нефатални насилни инциденти во училиштата на возраст од 12 до 18 години е помала во 2019 година отколку во 2009 година, во 2021 година имаше повеќе престрелки во училиштата со последици по животот и здравјето отколку во која било друга година откако почнавме да собираме податоци во раните 2000-ти, со зголемување од 11 во 2009 година на 93 во 2021 година“, рече Пеги Г. Кар, комесар на Националниот центар за статистика на образованието.

Извештајот беше објавен само неколку недели по пукањето во основното училиште Роб во Џувалди, Тексас, во кое на 24 мај беа убиени 19 деца и двајца возрасни.

Инцидентот е само еден од неколкуте драматични престрелки низ САД.

Според Gun Violence Archive, невладина организација која го следи вооруженото насилство во САД, повеќе од 21.500 луѓе се убиени досега оваа година во САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски