Извештај на Гугл: Руски хакери нападнале мрежи на НАТО и на источноевропски воени сили

Од:

Руски хакери неодамна се обиделе да ги пробијат безбедносните мрежи на НАТО и вооружените сили на одредени источноевропски земји, објави денеска Аналитичката група на Гугл што анализира закани.

Во извештајот не се наведува кои биле целите на нападот, кој се опишува како обид за кражба на лозинки, податоци од мејлови или други комуникациски канали, но се наведува дека нападот го извршила руската група „Колдрајвер“ или „Калисто“.

„Ваквите напади беа извршени со помош на нови сметки на gmail и отидоа на сметки кои не се на Гугл, па не се знае колку биле успешни“, се вели во извештајот на тимот на Гугл.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели