Израелско истражување: Вакцината на „Фајзер“ е 94 отсто ефикасна

Од:

Вакцината на Фајзер/Бионтех против коронавирусот покажала ефикасност од 94 проценти во студија на повеќе од милион луѓе, соопшти најголемата израелска компанија за здравствено осигурување.

Според компанијата Клалит, тестирани биле 600.000 луѓе кои примиле две препорачани дози на вакцина, и ист број на луѓе кои не биле вакцинирани.

Вакцините покажаа намалување на симптомите за 94 проценти и пад на тешките случаи за 92 проценти во споредба со оние 600.000 луѓе кои не биле вакцинирани, се вели во соопштението на компанијата.

Ефикасноста на вакцината е во сите возрасни групи, вклучувајќи ги и луѓето над 70 години, соопшти компанијата.

Повеќе од 3,8 милиони луѓе се вакцинирани во Израел од средината на декември минатата година, со 2,4 милиони од нив со примена на втора доза.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск