Израелските тенкови се на 20 километри од Дамаск

Од:

Израелски тенкови ја преминаа тампон зоната долж границата со Сирија и беа забележани на околу 20 километри од Дамаск, објави либански Ал Мајадин.

Тенковите напреднаа надвор од тампон зоната, каде што Израел префрли војници претходно оваа недела, и се стационирани во близина на селото Катана, 21 километар од главниот град на Сирија.

Претходно прес-службата на ИДФ извести дека долж границата со Сирија за одбрана се распоредени пешадиски и оклопни трупи, а падобранците се во тампон зоната за да спречат закани.

Утрото на 8 декември израелската армија најави распоредување на своите сили во тампон зоната на границата со Сирија. Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, овие акции се преземени како одговор на неодамнешните настани во земјата и се од одбранбен карактер.

Би можело да ве интересира

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Тројца загинати во израелски воздушен напад врз Џенин

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците