Израелските сили убиле 17-годишен тинејџер во Џенин

Од:

Израелските војници застрелаа и убија палестински тинејџер за време на конфликт што избувна кога Израелците рано утринава упаднаа во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство и локалните медиуми.

Израелската армија засега не даде коментар за инцидентот, што се случи по ноќните интензивни напади во Џенин, на северот на Западниот Брег, пренесуваат американските медиуми.

Палестинското министерство посочи дека убиениот тинејџер е Амџад ал-Фајед (17) и потврди дека уште еден 18-годишен Палестинец е во критична состојба, откако бил ранет од израелски оган.

Локалните медиуми јавија дека судирите избувнале пред бегалскиот камп во Џенин, по упадот на израелските сили во областа, но засега не се јасни околностите за смртта на младиот човек.

Израел тврди дека спроведува „контратерористички акции“ за апсење на екстремисти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск