Израелските сили убија двајца Палестинци на Западниот Брег

Од:

Израелските сили убија денеска на окупираниот Западен Брег двајца Палестинци кои пукаа во војници, соопшти министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант.

Министерот ги пофали војниците кои, како што рече, елиминирале двајца терористи.

Палестинците отворија оган од возило во близина на еврејската населба Илон Море, а израелската армија објави дека „неутрализирала двајца вооружени напаѓачи“.

Војниците на местото на нападот пронајдоа оружје, вклучително и два М-16.

Во соопштението на војската се додава дека ниту еден војник не е ранет.

Висок палестински функционер изјави за АФП дека бил информиран за смртта на двајца Палестинци.

Тие беа убиени во услови на насилство што трае од почетокот на оваа година, интензивирано минатата недела со смртоносни напади на Западниот Брег и Израел и ракетни истрели од Појасот Газа, Либан и Сирија, како и израелската одмазда.

Од почетокот на 2023 година, најмалку 96 Палестинци и 19 Израелци, еден Украинец и еден Италијанец, се убиени во израелско-палестинскиот конфликт, според Франс прес.

На палестинска страна загинаа борци и цивили, меѓу кои и малолетници, а на израелска страна претежно цивили, меѓу кои и деца и тројца припадници на арапското малцинство, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск