Израелските сили убија четворица Палестинци на Западниот Брег

Од:

Израелските сили синоќа на Западниот Брег убија четворица Палестинци, меѓу кои двајца милитанти и еден тинејџер, соопштија болнички извори.

Во соопштението на израелската војска се вели дека војниците биле околу градот Џенин, кој е во епицентарот на бројните неодамнешни судири, и се обидувале да уапсат осомничени милитанти.

Како што се наведува, за време на рацијата војниците биле „изложени на напад, а тие одговориле со оган“.

Здравствените власти соопштија дека загинале тројца Палестинци, а Исламски џихад објави дека еден од убиените е нивни член.

Според жителите на градот Џенин, еден од убиените бил машки цивил, кој случајно дошол за време на пукањето.

Израелската армија тврди дека отворила оган врз група која фрлала со камења и шишиња кон автомобилите што поминувале.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск