Израелскиот суд пресуди, поранешниот премиер Олмерт го наклеветил Нетанјаху

Од:

Израелскиот суд денеска пресуди дека поранешниот премиер на Израел Ехуд Олмерт го наклеветил неговиот наследник Бенјамин Нетанјаху и му нареди да плати отштета на поранешниот лидер и неговото семејство.

Тужбата против единствениот израелски премиер кој служеше затворска казна беше покрената минатата година од Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж на Израел. Тој беше на власт вкупно 15 години, од кои 12 последователни, а сега е мандатар за состав на новата влада.

Нетанјаху го тужеше Олмерт поради изјавите од 2021 година по серија парламентарни изборни процеси во кои немаше јасен победник.

Во тоа време, Нетанјаху одби да се повлече иако му се судеше за корупција.

Судот во Тел Авив го отфрли тврдењето на Олмерт дека „добронамерно го изразил своето мислење“, велејќи дека Нетанјаху покажал „лудо однесување“ и дека неговата сопруга и синовите страдаат од „ментални болести“.

Судот пресуди дека изјавите на Олмерт за Демократ ТВ минатиот април претставуваат клевета и му наложи на поранешниот премиер да плати отштета од 18.000 долари на Нетанјаху и неговото семејство, како и судски трошоци.

Олмерт може да поднесе жалба на пресудата. Тој беше осуден за корупција додека беше градоначалник на Ерусалим и министер за трговија и одлежа 16 месеци затвор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Израел ја нападна Газа по ракетирањето и покрај апелот за смирување на конфликтот

Горан Наумовски

Блинкен: Тажен сум поради загубените животи на „невините Палестици“

Израел предлага поблаги мерки за носење оружје

Ана Ололовска

Нетанјаху: Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио

Ана Ололовска

Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај

Ана Ололовска

Полицијата во Израел приведе 42 лица по убиството пред синагога во Ерусалим

Ана Ололовска