Израелскиот претседател му наложи на Нетанјаху да формира Влада

Од:

Израелскиот претседател му наложи на премиерот Бенјамин Нетанјаху да формира нова Влада по минатонеделните избори, на кои немаше јасен победник, соопшти неговиот кабинет.

Објавувањето уследи по заедничката средба меѓу претседателот Реувен Ривлин, Нетанјаху и назначениот премиер Бени Ганц.

Конечните резултати од повторените избори во Израел покажуваат дека владејачката партија Ликуд добила уште едно место во Парламентот, но тоа не менува ништо во врска со тешкотиите за формирање Влада. Десничарската партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 32 од 120 места во Парламентот, едно помалку од центристичката Сино-бела партија на неговиот ривал Бени Ганц.

Со поддршка од други партии, Нетанјаху има вкупно 55 пратенички места, а Ганц, кој е поранешен началник на Генералштабот, има 54 мандати.

Со оглед на тоа што ултра десничарската партија на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман не сака со своите осум освоени пратенички места да поддржи ниту еден од кандидатите, ниту Нетанјаху ниту Ганц не можат да формираат мнозинство од 61 места во Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел