Израелскиот парламент прелиминарно гласаше за буџет по неколкугодишна криза

Од:

Израелскиот парламент, Кнесетот, вечерва гласаше прелиминарно за државниот буџет, прв во изминатите три години, а опстанокот на новата израелска влада зависи од тоа дали конечно ќе биде усвоен.

Предлог двогодишниот буџетг, одобрен во август од коалициската влада на премиерот Нафтали Бенет, наследник на долгогодишниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, е усвоен со 59 гласови „за“ и 54 „против“ во Кнесетот.

За буџетот сега ќе дискутира парламентарната комисија пред да биде ратификуван на второ и четврто читање, закажани за оваа есен.

Министерството за финансии соопшти дека државниот буџет за 2021 година ќе изнесува околу 113 милијарди евра и 140 милијарди за 2022 година.

Поради долготрајната политичка криза, која доведе до последователни парламентарни избори, четири пати за помалку од две години, не се гласало за буџет од 2018 година.

Во декември 2020 година, Кнесетот беше распуштен бидејќи пратениците не можеа да се договорат за буџетот.

Оттогаш во Израел е формирана нова влада, предводена од десничарот и националист Бенет. Тој формира коалиција со лидерот на центристичката партија Jаир Лапид, левичарски партии и една арапска. Оваа коалиција има тесно мнозинство од 61 пратеник во 120-члениот Парламент. Со тоа заврши владеењето на Нетанјаху, кој беше премиер 12 години по ред, а вкупно 15 години.

Во случај некој пратеник да не гласа повеќе за буџетот, Парламентот ќе се распушти и ќе се одржат нови избори.

Поранешниот премиер Нетанјаху на денешната пленарна седница го критикуваше буџетот, нарекувајќи го многу лош и оценувајќи дека тој влијае на најслабите слоеви во израелското општество.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски