Израелскиот парламент ќе се распушти, Лапид треба да ја преземе премиерската функција

Од:

Израелскиот парламент, Кнесетот, се очекува денеска да се распушти, со што ќе заврши мандатот на премиерот Нафтали Бенет и неговата влада, а тоа ќе предизвика петти избори за помалку од четири години.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат израелските медиуми, изборите би можеле да го вратат на власт поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Мандатот на коалицијата на Бенет од осум идеолошки различни партии, која беше избрана минатата година, треба да заврши на полноќ и премиер да стане неговиот главен коалициски партнер Жаир Лапид.

Коалицијата на Бенет беше формирана во јуни минатата година со што заврши долгогодишното владеење на Нетанјаху и беше усвоен првиот државен буџет од 2018 година.

Нетанјаху сега ветува победа на новите избори, но нема да му биде лесно да формира парламентарно мнозинство, покажуваат анкетите на јавното мислење.

Нему во моментов му се суди за корупција, а тој ги негира сите обвиненија.

Блокот против Нетанјаху најверојатно ќе биде предводен од Лапид, лидерот на партијата Јеш Атид (Има иднина) од центарот.

Лапид и Бенет минатата недела објавија дека коалицијата повеќе не е одржлива.

Покрај тоа, Лапид се обиде да го претстави можното враќање на Нетанјаху како национална закана.

„Она што треба да го направиме денес е да се вратиме на концептот за единство на Израел, да не дозволиме мрачните сили да не разделат одвнатре“, рече Лапид.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лидерот на Исламскиот џихад му се закани на Израел со обновени напади

Ана Ололовска

Примирјето ја издржа ноќта, Палестинците објавија дека има над 40 жртви

Сирени вечерва во Тел Авив и неколку други израелски градови, „Исламски џихад“ не сака примирје и се заканува

Тревога за ракетeн напад во Ерусалим, жителите известуваат за експлозии

Се зголемува бројот на жртвите во Газа – убиен е еден од водачите на Исламскиот џихад

Горан Наумовски

Сирени во Тел Авив за прв пат по последната ескалација на насилството во Појасот Газа

Горан Наумовски