Израелски медиуми: Кнесетот се распушта, избори на втори март

Од:

Нови избори во Израел би можеле да се одржат на 2 март доколку до среда биде распуштен Парламентот, објави денеска израелскиот весник „Харец“.

Тоа ќе бидат трети избори за помалку од една година. Претходните се одржаа во април и во септември.

Весникот пишува дека за датумот на избори денеска постигнале договор израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен политички противник Бени Ганц, лидерот на опозициската партија „Сино и бело“. Исто така, се очекува израелскиот Кнесет до среда да биде распуштен.

Првично било планирано изборите да се одржат на 10 март, како и дека би се прекршила традицијата изборите да бидат во вторник доколку се закажат за 2 март.

Весникот наведува дека сега мора да се испочитува правната процедура, која треба да заврши в среда на полноќ, кога истекува рокот за формирање влада и кога се очекува распуштање на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски