Израелски дрон со ракета усмрти цивил во јужна Сирија

Од:

Еден израелски дрон денеска истрелал ракета врз возило во област што е под непосредна контрола на владините сили во јужна Сирија, убивајќи едно лице, пренесоа државните медиуми.

Сириската државна агенција Сана јави дела во нападот е убиен цивил „кога изрелски непријателски дрон истрела ракета во селото Кинеитра, на периферијата на градот Хадар“.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека нападот бил изведен во јужните предградија на Хадар и дека целта бил припадник на групата „Сириски отпор за слободен Голан“, за која се верува дека е составена од милитанти блиски до владата.

Според ДПА, засега нема никаков коментар од израелска страна за нападот со беспилотното летало.

Нападот доаѓа по воздушните напади од понеделникот на израелските авиони врз позиции на „Исламски џихад“ кај Дамаск, во кои загинаа шест лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети