Израелската војска уби 15-годишно палестинско момче на Западниот Брег

Од:

Палестинското министерство за здравство соопшти дека израелските војници денеска со истрели од огнено оружје убиле Палестинец-тинејџер во окупираниот дел на Западниот Брег, јавуваат медиумите.

Попладнето избувнале судири меѓу учесници на палестински протест и израелската војска во близина на градот Наблус, а Израел го нарече собирот „насилен протест на стотици Палестинци“.

„Демонстрантите палеа гуми, фрлаа камења и пиротехникана израелските војници кои беа на местото, загрозувајќи им го животот,“ изјави портпаролот на израелските вооружени сили.

Тој додаде дека војниците возвратиле со средства за разбивање демонстрации, но и отвориле оган кон учесниците во протестот.

Тогаш е погодено 15-годишното момче, кое подоцна починало од раните со кои се здобило, велат палестинските здравствени власти.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск