Израелската Влада усвои предлог-закон за ослободување на ултраортодоксни Евреи од служење воен рок

Од:

Израелската Влада вчера усвои предлог-закон со кој е предвидено ослободување на десетина илјади ултраортодоксни Евреи од служење на воен рок.

Предлог-законот предвидува ултраортодоксните Евреи или да служат воен рок или да се пријават во цивилна служба и ако биде усвоен законот ќе се применува во следните четири години.

Целта на новиот закон е да се измени сегашната ситуација во која ултраортодоксните Евреи се ослободуваат од служење на воен рок ако посетуваат верски студии.

Служењето на воен рок е обврзно во Израел, за мажите три, а за жените две години. Ултраортодоксните Евреи се десет проценти од вкупното 8-милионско население на Израел.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ