(ВИДЕО) Израелската полиција се судри со верниците во џамијата Ал Акса: „Ги избркавме поттикнувачите на немирите“

Од:

Израелската полиција денеска соопшти дека интервенирала во текот на ноќта во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим за да ги истера „бунтовниците“ кои донеле „пиротехнички средства, стапови и камења“ таму.

Осудувајќи го „злосторството без преседан“, палестинското исламистичко движење Хамас, на власт во Појасот Газа, ги повика Палестинците на Западниот Брег „да се упатат во голем број во џамијата Ал Акса за да ја одбранат“.

Џамијата Ал-Акса се наоѓа на платото на џамиите, третото најсвето место на исламот во Источен Ерусалим, палестинскиот сектор на Стариот град што Израел го окупираше и анектираше. Платото било изградено на место кое Евреите го нарекуваат планината на храмот, најсветото место во јудаизмот.

Судирот доаѓа непосредно пред средината на Рамазан, додека Евреите се подготвуваат да ја прослават Пасха вечерва, а израелско-палестинскиот конфликт повторно се прошири од почетокот на годината. Израелската полиција објави видео клип во траење од педесетина секунди, на кој може да се забележи експлозија на местото на богослужба, најверојатно од пиротехнички средства, а се гледаат и силуети на луѓе кои фрлаат камења.

На друго полициско видео може да се види како полицијата влегува во џамијата, како се покрива со штитови од петарди. По веста за судирот во Ал Акса, неколку ракети беа истрелани на израелска територија од северниот дел на Појасот Газа, соопштија новинарите на АФП и очевидци.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски