Израелската армија гаѓаше ирански и сириски цели во Сирија

Од:

Израелската армија утрово соопшти дека гаѓала ирански и сириски цели во Сирија како одговор на експлозивот поставен долж линијата Алфа на север, додека сириската агенција Сана објави дека тројца војници биле убиени во израелските напади.

– Иран и Сирија поставија импровизирани експлозивни направи во близина на линијата Алфа за да ги нападнат израелските војници. Sамо што гаѓавме цели на иранските сили Кудс и сириската армија во Сирија, соопшти израелската армија на Твитер.

Во нападот, наводно, биле погодени сириски ракетни батерии земја-воздух.

Повикувајќи се на воени извори, агенцијата Сана јави дека непријателот извршил напад „врз јужното подрачје“.

– Во нападот се убиени тројца војници, еден војник е ранет и причинета е материјална штета, јави Сана.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск